Регулаторна денеска ќе одлучува за нови цени на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати што ќе важат од ноќеска на полноќ.
Како што велат оттаму, исполнети се предусловите за носење нова одлука.
„РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати. По одржувањето на седницата ќе биде објавена одлуката која ќе биде на сила од полноќ – велат од РКЕ.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денара.
За пресметката, РКЕ го зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата нафта брент на светскиот пазар.