ФОТО: Плоштадот „Македонија“ полн со украински знамиња на настанот „Спаси ја Украина”
По повод еден месец од воената инвазија на Русија врз Украина, попладнево се одржува светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE.

Настанот е организиран од страна на украинската амбасада и Здружението на Украинци во земјава, „Лесја Украинка“, а на концертот ќе настапат украински и светски музички ѕвезди.






