(Видео) Заев во Атина: Да ја зајакнуваме меѓународната соработка за заштита на демократиите

„Неодамнешниот пресврт на настаните во Украина предизвикан од руската агресија покрена силни ризици, загрижености и стравови. Единственото решение е мирот. Итен дијалог наместо насилство. Затоа, целосно ги поддржувам независноста и територијалниот интегритет на Украина и изразувам сочувство со украинското раководство и со семејствата на жртвите. Потребен е итен мир со итно дипломатско решение кое ќе ги почитува принципите на меѓународното право, насочено да ги брани заедничките вредности, човековите права и заштитата на основните слободи.

Ние, демократскиот свет, треба да продолжиме да ја зајакнуваме меѓународната соработка и координација за да развиеме нови пристапи за промоција и заштита на демократиите ширум светот.

Со Алексис работевме за мир и успеавме да го решиме конфликтот чии темели беа длабоко во историјата. Овој успех има влијание многу подалеку од регионот.

Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само принцип на посилниот. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста.

Нашите политички визии ги насочивме кон една заедничка цел. Воспоставивме политички однос, кој се издигна кон соработка и кулминираше со пријателство. И двајцата го ставивме ова пријателство во темелите на новата долготрајна врска меѓу нашите земји“, потенцираше Заев.

Back to top button
Close