Али Синани разрешен од Националната галерија по инспекциски надзор, Нарона Весели назначена за в. д. директорка

Директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, е разрешен од функцијата откако вонреден инспекциски надзор утврдил повеќе незаконитости и неправилности во работењето на институцијата. Како дополнителна причина се наведува и нереализирање на дел од годишната програма на Националната галерија за 2026 година. За вршителка на должноста директорка е назначена Нарона Весели, која е од редот на вработените во Галеријата.

Во јули 2025 година, тогашниот министер за култура и туризам Зоран Љутков јавно застана во одбрана на изборот на Синани, како избор на коалициониот партнер на Владата – Влен, откако дел од вработените во Националната галерија побараа конкурсот да биде поништен. Љутков тогаш изјави дека „воопшто немал дилема“ за изборот, наведувајќи дека Синани има „перфектна биографија“, дека ја разгледал неговата програма и документацијата и оценил дека е „одличен за таа позиција“.

Само неколку недели пред разрешувањето, Синани сè уште настапуваше како директор на настаните на Националната галерија. На 3 септември тој ги отвори изложбите „Инспирација“ и „Порака во шише“ во Чифте амам.

Новата в. д. директорка Нарона Лума Весели е кустос во Националната галерија. (Nezavisen.mk)

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close