ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дипломатски го разводнува скандалот со бугарскиот клуб во Битола

„Зошто Ковачевски се крие позади однапред снимено видео обраќање со скандалот во кој бугарскиот премиер промовира фашизам на македонско тло?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот објави видео во кое се осврнува на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Зошто Ковачевски не се произјасни како македонските институции дозволија регистрирање на здружение со име на личност која е контроверзна и негаторска кон постоењето на македонскиот народ. Срамно е и со згрозување гледаме на фактот што македонскиот премиер Ковачевски не го осуди чекорот на бугарскиот премиер Петков, туку дипломатски во разводенува целиот скандал“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close