Со туба полна бензин во такси се договарале како да го запалат автомобилот на Шилегов

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за истражна постапка против две лица на 22 и 24 години за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Со кривичната пријава за истиот настан беше опфатено уште едно лице за кое надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на пријавата, бидејќи за него не се утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

Двајцата осомничени соизвршители, на 9 март, со пожар предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето. Првиот осомничен повикал такси возило во Ѓорче Петров и влегол на совозачкото седиште, носејќи со себе пластична туба со жолта течност. На таксистот му кажал да вози до улицата „Козле“, каде во возилото се качил вториот осомничен. По пат двајцата се договарале за начинот на кој ќе го извршат кривичното дело. Од такси возилото се симнале на булеварот „Партизански одреди“ и продолжиле да се движат пеш“, соопштија од ОЈО.

Автомобилот Ауди Q5 целосно изгоре, а притоа биле зафатени уште неколку автомобили и еден објект.

 

Back to top button
Close