Од денеска во Грција и во Бугарија без ковид-сертификати
Грција од денеска привремено го укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан ковид-19 или негативен тест за влез во земјата.
Според одлуката на тамошното Министерството за здравство од 1 мај се суспендира ковид-пропусницата и се дозволува функционирње на објектите со капацитет од 100 отсто од капацитетот, и да се суспендира сертификатот од EUDCC на влезните точки во земјата.
Пред две седмици, министерот за здравство соопшти дека од 1 мај до 31 август привремено се укинува и задолжителниот сертификат за влез во речиси сите затворени објекти во земјата.
Од денеска се укинуваат ковид-мерките за лица кои пристигнуваат од други држави за влез во Бугарија.
До 1 мај, на лицата кои пристигнуваат од други земји на територијата на Бугарија, им е дозволено влезсо приложување на валиден дигитален ЕУ-сертификат за ковид-19 односно потврда за вакцинација, за прележана болест или сличен документ што содржи такви податоци.