Васиќ, Јовевски и Скендер – предлози за Уставни судии
13.05.2022 10:44
182 Читање помалку од 1м
Тања Васиќ, Љубомир Јовевски и Фатмир Скендер ќе бидат предлозите кои власта денеска на комисијата за избори именување ќе ги предложи за нови уставни судии, пренесува тв24 повикувајќи се на потврда од пратеничката група на СДСМ.
Комисијата е закажана вчера од новата претседателка Марија Ѓорѓиевска. Мнозинството конечно со предлози за Уставни судии, откако Уставниот суд неколку месеци е речиси блокиран и работи само со четворица судии. Претседателката Добрила Кацарска повеќе пати апелираше до Собранието да избере судии, а неколкупати поради немање доволно мнозинство се одложи и гласањето за некои иницијативи.