Бугарското ВМРО организираше протест против кревање на ветото: Демонстрантите скандираа „Македонија е бугарска“

Протестот се организира под слоганот „Не ја изневерувајте Македонија“, а демонстрантите скандираа „И порано и сега, Македонија е бугарска“

Бугарската партија ВМРО, на поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во градот Кресна денеска организираше протести против евентуалното тргање на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, јавува софиската телевизија Нова.

Протестот започнал во 12 часот по локално време под слоганот „Не ја изневерувајте Македонија“ при што беше блокиран сообраќајот во областа на Кресна.

„Од 4 мај одржуваме различни акции за да покажеме дека Владата не е надлежна за нашите односи со Северна Македонија. Историската вистина е на наша страна“,

изјави еден од учесниците на протестот, Владимир Митов, за Нова.

Додека тој даваше изјава, демонстрантите извикуваа „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Back to top button
Close