(Видео) Капетан се обидел да избега , полицијата му ја уништила јахтата

Имено, по дојавата дека луксузна јахта под американско знаме се користи за шверц на дрога, турската крајбрежна стража се обидела да го пресретне бродот. Сепак, капетанот на јахтата решил да побегне.
Турската крајбрежна стража добила дојава за откривање на дрога на луксузниот брод „Белгор“ кој се наоѓал на брегот на Јаликавак, место во близина на популарното турско летувалиште Бодрум, на брегот на Егејското Море.
Според локалните медиуми, капетанот на бродот имал со себе одредена количина дрога, па се обидел да побегне во соседна Грција, иако му било наредено да застане.
Бидејќи не ја послушал наредбата, крајбрежната стража отворила оган врз бродот. Јахтата е тешко оштетена по пукањето, а секоја идеја за бегство беше уништена од бродот на крајбрежната стража што удрил во јахтата.
Полицијата приведе четири лица кои биле на јахтата, а кривичната истрага се уште е во тек.






