Прв „Августовски коњички турнир“ и редовно коло во прескокнување пречки утре во Маџари

Во организација на Коњичкиот клуб „Вивакс“ од Скопје утре ќе се одржат Првиот „Августовски коњички турнир“ и третото коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки.

Натпреварувањата започнуваат во 9 часот на теренот на „Хиподром“ во Маџари.

На програмата, според календарот на Македонската федерација за коњички спортови, се три натпревари во прескокнување пречки.

Back to top button
Close