Топ Чанел: Еден од уапсените Руси во Албанија признал дека го контактирале агенти за да фотографира значајни објекти и места

 

В среда или в четврток пред судот треба појават тројцата уапсени кои во саботата беа фатени во Грамш. Тие се под истрага под обвинение за шпионажа

Еден од Русите уапсен во воената фабрика Грамш призна дека му било наредено да се фотографира на неколку места во Албанија, објави „Топ Чанел“.

Според извори на телевизијата, рускиот државјанин признал дека руски агенти го контактирале за да фотографираобјекти и места од особено значење како воени постројки, пристаништа и водовод во Албанија.

В среда или в четврток пред судот треба појават тројцата уапсени кои во саботата беа фатени во Грамш.

Тие се под истрага под обвинение за шпионажа и се задржани во полициска станица во Елбасан, каде што се сослушани од обвинителството. Во меѓувреме, судот назначи адвокати, кои денеска се сретнаа со своите клиенти.

Двајца руски државјани, маж и жена и еден Украинец, се обидоа да влезат во воен објект во централна Албанија, а притоа повредиле двајца војници кои им се спротивставија.

Еден од уапсените, 24-годишен руски државјанин, идентификуван со иницијалите М.З., ги нападнал чуварите со пепер спреј додека се обидувал да ја фотографира фабриката Грамш, која се користи за демонтирање на запуштено оружје,но бил фатен од стражарите.

Во близина се уапсени уште двајца, Русинка идентификувана како С.Т., на возраст од 33 години и Украинец, идентификуван како Ф.А., на 25 години.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека трите лица кои се уапсени се „осомничени за шпионажа“.

Уште четворица чешки државјани се уапсени под сомнение за шпионажа во Албанија, што е втор сличен инцидент за само 24 часа.

Чесите се приведени откако насилно влегле во објектот, шетале низ тунелите, фотографирале и снимале

Back to top button
Close