(Видео) По пожарот во Охрид: Едно лице на интензивна нега, седум на интерно – охридската болницата го удвои медицинскиот персонал

Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по денешниот пожар во стан на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Даљан. Седуммина се сместени на Интерното одделение, а едно лице е на Интензивна нега, потврди за „Скопје1“ директорот на болницата, Горан Маркоски.
Станува збор за повозрасни лица, од кои ниту едно во моментов не е во животозагрозувачка состојба. Болницата го удвоила медицинскиот персонал, а за состојбата се известени и на Клиника.
„Во моментов има осум хоспитализирани, од кои седум на Интерно одделение и еден на Интензивна нега. Сите се повозрасни луѓе кои во моментов не се во животозагрозувачка состојба. Персоналот е удвоен, се надевам дека нема да има влошување на состојбата. Известени се и на Клиника“, изјави Маркоски за „Скопје1“
Како што претходно беше објавено полицијата го лиши од слобода 55-годишниот охриѓанец Ц.Н., под сомнение дека го предизвикал пожарот во сопствениот стан.
По интервенцијата на полициските службеници и Територијалната
Видео на следниот линк






