Путин: Русија не смее да дозволи новите технологии да се користат против нејзините интереси


Русија не смее да дозволи никој да ги користи иновациите и технологиите против нејзините интереси.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека вештачката интелигенција може да стане уште помоќна алатка во рацете на луѓето – како за создавање, така и за нанесување штета, вклучително и во воената сфера.

„Никогаш не смееме да дозволиме некој – вклучително и ние самите – во кое било време и на кој било начин да ги користи овие нови иновации и технологии против интересите на нашата земја“, рече Путин на меѓународната конференција „Патување во светот на вештачката интелигенција“.

Русија не смее повторно да се најде во ситуација во која некој однадвор ќе го „притисне копчето“, а сите технологии во земјата ќе престанат да функционираат, нагласи Путин.

Back to top button
Close