Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател на Турција


Турскиот потпретседател – Џевдет Јилмаз потврди дека следните избори во земјата ќе се одржат во 2028 година.

Тој изјави дека постои можност датумот да биде поместен порано од планираниот мај, како и дека владејачката коалиција веќе постигнала договор за повторна кандидатура на претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс

„Изборите ќе се одржат во 2028 година. Се разговара дали би можеле да се одржат еден или два месеци порано. Можно е датумот малку да се помести“, рече Јилмаз во врска со датумот на изборите.

Тој додаде дека во рамките на владејачката алијанса е постигнат договор за кандидатурата на Ердоган.

„Во рамките на алијансата веќе постои консензус Ердоган повторно да биде кандидат“, изјави тој.

Реџеп Таип Ердоган е избран за премиер на Турција во 2003 и ја вршеше функцијата до 2014.

Стана првиот претседател избран со директно гласање во 2014 и оттогаш е на чело на Турција.

Back to top button
Close