Адвокатот Владимир Туфегџиќ со повреди на главата по сообраќајка во Аеродром: „Поминав со два-три конци во глава, животот иде понатаму“


Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ е меѓу повредените во сообраќајната незгода што се случи во скопската населба Аеродром, во близина на булеварот „Јане Сандански“. Во незгодата учествувале три возила, а возачите биле пренесени во болница.

Туфегџиќ ја потврди информацијата за „Скопје1“, посочувајќи дека се здобил со повреда на главата, но дека е во добра состојба.

„Се случи сообраќајна незгода, се е о.к, невнимателен возач предизвика карамбол, благодарам на Брзата помош и Градска болница Св.Наум Охридски, поминав со два-три конци во глава, се надевам дека ќе биде добро повредената жена од другото возило, живот иде даље!“, вели Туфегџиќ кусо за „Скопје1“.

LANDOV Петар: Се мешам и ќе се мешам во политика ако е во прашање идентитетот

Тој упати благодарност до екипата на Итната медицинска помош и медицинскиот персонал во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му била укажана медицинска помош.

Засега нема официјални информации за тежината на повредите на останатите учесници во сообраќајната незгода, ниту за околностите под кои дошло до судирот на трите возила.

Back to top button
Close