Религија мк: Никола Ставрески, поранешен близок соработник на Петар откри како владиката пренесувал пари во кеш од Австралија

По гостувањето на преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, во поткастотр Претрес, кај Ландов, Никола Ставрески од Австралија објави јавен одговор во кој изнесува низа тврдења за нивната долгогодишна соработка, прекинот на нивните односи и случувањата во македонските црковни општини во Австралија.

Ставрески тврди дека со митрополитот Петар соработувал околу 20 години, но несогласувањата започнале откако на средба во Битола одбил да објави информации за владиците Наум и Пимен, кои ги сметал за невистинити.

Едно од најконкретните прашања што ги отвора Ставрески се однесува на 186.000 долари во готовина. Тој тврди дека при едно патување од Австралија лично ги пренел парите преку аеродромската контрола и му ги предал на митрополитот Петар во авионот.

Ставрески бара од митрополитот да одговори кому му припаѓале парите, за што биле наменети и како биле евидентирани. Во врска со преносот на пари, ги споменува туристички агенции од Битола и од Мелбурн, како и лице кое го посочува како посредник.

Во јавниот одговор се отвора и прашањето што ги поврзува вчадиката Петар со Рим, за што Ставрески најавува дека сака да постави конкретни прашања во врска со сопственоста.

Ставрески го покренува и прашањето за доверливоста на исповедта. Тврди дека информации што ги споделил за време на исповед подоцна биле пренесени до лице за кое зборувал, што, според него, сериозно ја нарушило неговата доверба.

Ставрески поставува и прашање за наводното поседување повеќе пасоши со различни имиња, споменувајќи ги имињата Петар и Јован Каревски.

На крајот, Ставрески го повикува митрополитот Петар на јавно интервју, на кое двајцата би можеле да одговорат на истите прашања. Тврди дека е подготвен да ги покаже документите и снимките што ги поседува, со образложение дека верниците треба да ги слушнат двете страни и самостојно да донесат заклучок.

Целиот коментар на Ставерсвки:

Back to top button
Close