Велика Британија во полуфиналето на Дејвис купот

Репрезентацијата на Велика Британија се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот, откако вечерва извојува победа од 2-1 против Германија, а одлучувачкиот поен го освои двојката Хенри Патен и Нил Скупски во пресметката со Кевин Кравиц и Тим Пуец со 6:2, 7:6 (6).
Во вториот гем од првиот сет, британската двојка направи брејк и поведе со 3:0. Во седмиот гем, Кравиц и Пуец можеа да го вратат изгубениот сервис, но пропуштија четири брејк топки и загубија сетот со 6:2.
Во вториот сет немаше можности за брејк и одлуката падна во тај-брејкот.
Претходно, Британците поведоа со 1-0, откако Камерон Нори го победи Јан-Ленард Штруф со 6-3, 3-6, 6-2, а израмнувањето на 1-1 го донесе светскиот тенисер број еден Александар Зверев, кој убедливо го победи Британецот Артур Фери со 6-3, 6-2.
Противник на Велика Британија во полуфиналето ќе биде победникот од двобојот меѓу Шпанија и Австрија.






