(ВИДЕО) Турски навивачи извадија палестинско знаме – полицијата почна да тепа, фрлија солзавец, мечот Бешикташ – Хапоел е прекинат


Сериозен инцидент се случи во грузискиот град Батуми, пред и за време на натпреварот од Лига Европа помеѓу турски Бешикташ и израелскиот клуб Хапоел Бер Шева, откако полицијата интервенираше против турските навивачи поради истакнување на палестинското знаме на трибините.

Според информациите во локалните медиуми и на социјалните мрежи, првиот судир избувна непосредно пред почетокот на натпреварот, откако навивачите на Бешикташ го развиорија знамето на Палестина во делот од стадионот каде што беа сместени.

Неколку навивачи на Бешикташ се обидоа да им помогнат на своите сонародници, приближувајќи се до местото на судирот и извлекувајќи поединци кои беа нападнати од обезбедувањето.

Еден навивач заврши на носилки и е изнесен од трибините, а наводно е употребен и солзавец.

Натпреварот потоа е прекинат во 28-мата минута поради револтираните навивачи на турскиот клуб.

Интересно е да се напомене дека фудбалерите на Бешикташ не се ракуваа со играчите на израелскиот клуб пред почетокот на натпреварот.

Back to top button
Close