Пожарот во Даљан можел да заврши со трагедија – станарите бараат институционална заштита!

🔥 Благодарение на брзата и ефикасна интервенција на охридските пожарникари, спречена е поголема катастрофа во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Даљан.
Осум лица поради повреди и потешкотии при дишењето од вдишаниот чад се хоспитализирани во Општата болница во Охрид.
Станарите се обраќаат до медиумите и алармираат дека истото лице и претходно во повеќе наврати предизвикувало пожари во станот. Според нивните сведоштва, тие повеќепати реагирале и пријавувале во надлежните институции, но досега не биле преземени ефикасни мерки за нивна заштита.
Вознемирените станари сега бараат итна институционална реакција и гаранција за нивната безбедност.
Дали институциите ќе реагираат навреме или треба да се случи трагедија за конечно да се преземат соодветни мерки?






