Зеленски: Најмалку 15 загинати и 50 повредени во руски ракетен напад на железничка станица


Нападот доаѓа додека Украина го слави Денот на независноста, со што се одбележува прекинот на врските со СССР во 1991 година

Најмалку 15 лица загинаа, а 50 се ранети денеска во руски ракетен напад на железничка станица во централна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.

„Штотуку добив информација за пад на руска ракета на железничка станица кај Дњепропетровск, на вагони на станицата Чаплино. Се запалија четири патнички вагони“,рече Зеленски на почетокот на својот говор.

Според него, најмалку 15 луѓе ги загубиле животите, а околу 50 лица се повредени.

„Спасувачите излегоа на терен, но бројот на жртви, за жал, може да се зголеми. Ова е нашето секојдневие“,додаде Зеленски.

Нападот доаѓа додека Украина го слави Денот на независноста, со што се одбележува прекинот на врските со СССР во 1991 година. Исто така, се случува кога земјата влегува во седмиот месец од војната со Русија која започна на 24 февруари.

Back to top button
Close