Кралицата Елизабета во тешка состојба – лекарите загрижени за нејзиното здравје
Лекарите на кралицата Елизабета Втора (96) се загрижени за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

– По дополнителен преглед утрово, лекарите на кралицата се загрижени за нејзиното здравје и препорачаа таа да остане под медицински надзор во Балморал, се вели во соопштението.
Нејзиното потесно семејство е информирано, а соопштението доаѓа откако кралицата, за прв пат во историјата, , поради нарушено здравје, ја назначи новата британска премиерка Лиз Трус, во замок во Шкотска, наместо во кралска палата во Лондон
Новата британска премиерка Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“.
„Моите мисли – и оние на граѓаните низ нашето Обединето Кралство – се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, додаде таа.
Според Дејли Мејл, принцот Чарлс, неговата сопруга Камила и принцот Вилијам отишле во Балморал да бидат со неа.






