Бајден изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора

epa09992894 US President Joe Biden speaks to the nation about the ‘recent tragic mass shootings’ in the East Room of the White House in Washington, DC, USA, 02 June 2022. Biden called on Congress to pass ‘commonsense’ gun laws to combat the epidemic of gun violence. EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

 

Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, по нејзината смрт завчера.

-Да. Се уште не ги знам деталите, но ќе одам, им кажа Бајден на новинарите за време на патувањето за Охајо.

Датумот и деталите за погребот на кралицата не се утврдени, но ќе бидат објавени „во догледно време”, според Бакингемската палата. Погребот се очекува да се одржи во следните 10 дена во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон.

Бајден ја познава кралицата три децении и се сретна со неа три пати, последен пат во јуни 2021 година, кога таа им беше домаќин нему и на првата дама во замокот Виндзор за време на нивната посета на Велика Британија за да присуствуваат на самитот на лидерите на Групата седум.

Според актуелниот план, претседателот Бајден, заедно со други светски лидери, на 19 септември е планирано да биде во Њујорк, на почетокот на Генералното собрание на ОН. Но планот најверојатно ќе се смени.

Back to top button
Close