Кејт Мидлтон доби титула, што никој не ја носел по смртта на принцезата Дијана

Кејт Мидлтон, досегашната војвотка од Корнвол и Кембриџ, е првата принцеза од Велс по смртта на принцезата Дијана во 1997 година.
По смртта на кралицата Елизабета Втора, членовите на кралското семејство добија нови титули, а Кејт Мидлтон е прогласена за принцеза од Велс. Кралот Чарлс го откри ова во своето прво ТВ обраќање. Од 14 век, титулата принцеза од Велс ја користат сопругите на принцовите од Велс.
Камила Паркер Боулс, која денес ја носи титулата придружничка на кралот, по Дијана не ја носеше титулата принцеза од Велс. Дијана, пак, таа титула ја носеше и по разводот кој се случи во 1996 година, до нејзината смрт. По разводот, таа го изгубила правото да стане кралица на денот кога Чарлс би станал крал. Таа ја задржала титулата принцеза од Велс, но ја загуби кралската титула Нејзино Височество.






