Данската кралица Маргарет Втора го слави својот златен јубилеј

epa09925128 Queen Margrethe II of Denmark (L) and India’s Prime Minister Shri Narendra Modi at an official audience at Amalienborg Castle in Copenhagen, Denmark, 03 March 2022. The Prime Minister of India is on a two-day official visit to Denmark. EPA-EFE/Martin Sylvest DENMARK OUT
– Данската кралица Маргарет Втора, која ја обедини и модернизираше данската монархија, викендов ја прославува педесетгодишнината од стапувањето на тронот, но одбележувањето ќе биде нешто поскромно поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.

Осумдесет и двегодишната кралица, позната по својот уметнички талент, страсно пушење и сива пунџа, е првата жена на данскиот трон.

Таа е вториот монарх со најдолг стаж во данската историја, а по смртта на Елизабета Втора, нејзина далечна роднина, сега е и европски монарх со најдолг стаж.

Маргарет Втора се искачи на тронот во 1972 година кога поддршката за данското кралско семејство беше во опаѓање, но за време на нејзиното долго владеење таа придонесе за враќање на угледот.

Back to top button
Close