Левица ќе поднесе нова иницијатива за референдум
Партијата Левица најави дека ќе поднесе иницијатива за референдум против Договорот со Бугарија, соопшти пратеникот Борислав Крмов на прес конференција во Собранието.
Вчера највисоките органи на партијата дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање кое со сигурно ќе биде со предзнак против.
Доколку собранискиот спикер Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ најавуваат целосна блокада на Собранието.