Литванија, Летонија, Естонија и Полска воведоа нови ограничувања за влез на руски државјани
Литванија, Летонија, Естонија и Полска од денеска заеднички воведоа дополнителни ограничувања за руските државјани кои сакаат да влезат на нивна територија.
Четирите држави-членки на ЕУ земји нема да дозволуваат влез преку нивните граници на руски државјани со шенген-визи издадени за туристички, деловни, спортски или културни цели.
Исклучоци од забраната ќе има за Русите кои живеат во некоја од државите на ЕУ, како и за политички дисиденти или кога станува збор за патување од хуманитарни причини.
Со денешната одлука повеќе нема да биде можно руски државјани со шенген-визи да влезат на нивна територија, независно која држава им ги издала визите.
Шенген зоната вклучува 22 земји-членки на Европската унија, како и уште четири европски земји.