Наутро студено, во текот на денот умерено облачно со температура до 23 степени

Времето утрово ќе биде студено, а подоцна, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Наредните денови ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close