Саудиска Арабија домаќин на Азиските зимски игри 2029

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Азиските зимски игри 2029 што ќе се организираат во Неом, футуристички мегалополис, што се гради во северозападниот дел на оваа земја, објави денеска Азискиот олимписки комитет (OCA)

Пустините и планините во Саудиска Арабија наскоро ќе станат терени за натпреварувања во зимски спортови, соопшти OCA, додавајќи оти одлуката била донесена „едногласно“ на Генералното собрание во Пном Пен.

Сместен на бреговите на Црвеното море, проектот Неом, чија изградба чини неколку стотици милијарди долари, а ја води принцот престолонаследник Мохамед бин Салман, е тема на бројни расправи од 2017 година, кога беше најавен.

Повеќе архитекти и економисти гласно изразуваа во минатото сомнеж околу изводливоста на овој мега проект.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close