Паркот авионче преплавен со флаери со бугарска пропаганда.

Налепници во боите на бугарското знаме, а врз знамето: корона и вакцини. Врз короната залепена сликичка од Јосип Броз Тито, а врз вакцините сликичка од Цар Борис и од други познати ликови од бугарската историја.

Со ваков пропаганден материјал е преплавен паркот „Авионче“ во скопската населба Ново Лисиче, објави Експрес.

Како што наведува порталот, насекаде се излепени пропагандни флаери, а испоганети се и неколку бандери со зборови испишани на бугарски јазик.

Back to top button
Close