Водата во Скопје е безбедна за пиење


Водата во Скопје е безбедна за пиење, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, земени биле 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои два примерока од бунарскиот потег Нерези – Лепенец.

Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилник за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – соопштија од јавното претпријатие

Back to top button
Close