Еди Рама смета дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), изјави дека Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Македонија, оценувајќи дека за ова прашање веќе нема простор за несогласувања меѓу Скопје и Софија, притоа повикувајќи се на договорот постигнат со француско посредништво.

Одговарајќи на прашањето дали и натаму има забелешки кон бугарското раководство, со оглед на неговите изјави од пред три години, Рама рече дека тогаш околностите биле поинакви.

„Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји“, посочи Рама

Back to top button
Close