Боки 13 претепан во Идризово, со брза помош префрлен во болница
Три лица го претепале Боки 13 во дворот на затворот „Идризово“. Со повреди во пределот на главата, рацете, но и во абдоменот, бил пренесен и задржан на лекување во болница.

– Во 20.00 часот во СВР Скопје – полициската станица Гази Баба, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на казнено-поправната установа затвор идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. Бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.






