Пендаровски- Нема да одам во Благоевград бидејќи не сум ни поканет


Председателот Пендаровски прашан дали ке оди во недела во Благоевград на отварањето на клубот Никола Вапцаров на ОМО Илинден Пирин рече дека нема да оди бидејки нема покана за отварање на клубот кој е приватна иницијатива на активистите на ОМО Илинден Пирин а не е регистриран од официјалните институции во Бугарија. Јас пред извесно време примив делегација од омо илинден пирин што е прв нивно официјално средба

За приемот имаше жестоки реакции од Софија но јас ги примив и разговаравме изјави Пендаровски

Тој додаде дека за 31 година независност, никој не ги примил како група Македонци од Бугарија. Тоа, додаде претседателот, е грижата на нашата држава за дијаспорите околу.

Во врска со бугарските здруженија во земјава претседателот Пендаровски смета дека не треба да се дозволи да носат имиња на, како што нагласи, докажани фашистички соработници. Според него, доколку по најавите од Министерството за правда дека и ако биде донесен нов закон за здруженија, тој не може да важи ретроактивно може да се преиспита работата на постоечките здруженија.

-Има државни институции, како на пример Јавното обвинителство, кои можат да ја преиспитаат работата на постојните клубови, бидејќи е неспорна една од основите да ја преиспиташ работата е дали тие со својата активност разгоруваат национална или верска омраза и нетрпеливост. По мене да, рече претседателот Пендаровски во Тема на Денот на ТВ Сител.

Back to top button
Close