Гори трска кај струшкото село Калишта


Гори трска и трева на брегот на Охридското Езеро, пред влезот на струшкото село Калишта.

Командирот на територијалната противпожарна единица од Струга Фети Мазари информира дека теренот е непристапен, но и оти огнот почнал сам да се гаси поради зелената вегетација.

– Пожарникарите немаат пристап, но нема опасност за ширење. Огнот почна сам да се гаси, нема сува трева и трска, изјави Мазари за МИА.

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека пожарот бил пријавен во 11 часот, а во гаснењето интервенираат пет пожарникари со две протипожарни возила.

Back to top button
Close