Љупчо Паунковски добитник на наградата Гран при „Плакета Милтон Манаки”

Љупчо Паунковски, автор на документарниот филм „Охридските хотели – Хотел Радиќ” е годинешен добитник на наградата Гран при „Плакета Милтон Манаки” што ја доделува Интернационалниот фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм „Камера 300″ во Битола.

Со одлука на меѓународно стручно жири, „Златна камера 300″ е доделена на британскиот автор Џејмс Калмерс кој годинава се натпреваруваше со филмот „Лифтот на бродот Андертон”, сребрена „Камера 300″ добија Михаил Герасим и Едуард Григорас од Романија, а бронзена „Камера 300″ доби Диме Талевски, автор на филмот „Водици”.

-Според востановената традиција, награди доделивме за најдобра монтажа, плакета за идеја, плакета за репортажа, плакета за режија, но специјални награди на авторите Лука Кочовски и Лорин Кочовски за филмот „Во светот на камерите”, на Валентина Андреиќ за филмот „Цркви во кумановско” и на Исмет Арслан од Турција за креативен пристап во филмот, истакна Стевче Хаџиантоновски, директор Фестивалот.

Интернационалниот фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм „Камера 300″ се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и државната Агенција за филм.

Back to top button
Close