Ќерката на тепаната жена во Домот за стари во Пеќ: Ја посетував два пати неделно. Не можев да поверувам дека ја тепаат
Во Домот за стари лица во Пеќ уапсени се три лица осомничени за физичко насилство врз повозрасна жена и им е одреден притвор
Две жени се осомничени за физички напад, додека третото лице, кое беше уапсено во текот на денот, е осомничено за „неовластено фотографирање или снимање“.
Ќерката на старица која била физички малтретирана во дом за стари лица во Пеќ, во емотивна изјава вели дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка, пренесува ТВ „Дукаџини“.
Жанет Нура даде детали за тоа што ѝ се случило на нејзината мајка, велејќи дека ја посетувала еднаш или двапати неделно.
Нура наведува дека пред четири дена при посета на домот за стари лица забележала траги на насилство на лицето на нејзината мајка, но дека не можела да поверува дека тоа доаѓа од вработените во Домот.
„Ја посетував барем еднаш или двапати неделно, а пред четири-пет дена видов траги на насилство на нејзиното лице, но не можев да верувам дека во таков дом може да дојде од вработен. Автоматски ја извлеков мајка ми од таму, а сега се надевам дека правдата ќе биде задоволена и случајот ќе се реши. Тоа ѝ се случи на мајка ми, но да не дозволиме да им се случи на другите“, рече таа.






