Ердоган најави нов состанок за прием на Шведска и Финска во НАТО

epa10293926 Turkish President Recep Tayyip Erdogan (L) and Swedish Prime Minister Ulf Kristersson (R) review a honor guard during a welcome ceremony at the Presidential Palace in Ankara, Turkey, 08 November 2022. Kristersson is in Turkey to talks the NATO membership status of Sweden. EPA-EFE/NECATI SAVAS

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара, по средбата со новиот премиер на Шведска, Улф Кристерсон, кој дојде да се заложи за одобрување за прием на неговата земја во НАТО, изјави дека ќе има нова средба за ова во Стокхолм на крајот на ноември.

„Се надеваме на позитивен заклучок на заедничката средба што ќе се одржи во Стокхолм на крајот на месецот”, рече турскиот претседател, додавајќи дека „искрено се надева на пристапување на Шведска” во Алијансата.

Кристерсон вети дека Шведска ќе биде „безбедносен фактор за сите земји од Алијансата”.

Ердоган потсети дека Турција „го одобри процесот на пристапување на Шведска во НАТО” бидејќи, како што рече, „ја разбираме нејзината грижа за својата безбедност и сакаме Шведска да одговори на нашата загриженост”. Тој додаде дека „Турција сака поддршка од Шведска против тероризмот”.

Кристерсен рече дека Шведска се бори против тероризмот и дека во тоа нема сомнеж. Тој рече дека Стокхолм ја гледа Курдистанската работничка партија како терористичка организација и дека САД и Европската унија исто така ја сметаат.

„Ја разбираме чувствителноста на Турција на оваа тема”, рече шведскиот премиер и вети дека ќе одговори на сите очекувања на Турција како иден сојузник.

Кога Финска и Шведска одлучија да бараат прием во НАТО поради нападот на соседна Русија врз Украина, Турција беше единствената во Алијансата која експлицитно се спротивстави на тоа, а нејзиниот претседател Ердоган ги обвини властите во Хелсинки и Стокхолм дека ги штитат курдските борци кои нашле засолниште во двете северни земји затоа што Анкара ги прогонува.

Двете нордиски земји во јули постигнаа договор со Турција за нивниот прием во НАТО, но Турција наведува дека договорот сè уште не е целосно спроведен.

Back to top button
Close