Димовски на Комисија ќе реферира за пасошот на Онишченко
Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, Љупчо Пренџов за во среда свика седница и го повика директорот на АНБ, Виктор Димовски за случајот со Укринецот Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.
-Утрово свикав итна Седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред “Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство”, вели пратеникот Љупчо Пренџов.
Или со други зборови, директорот Димовски да ни објасни како е можно секој втор белосветски хохштаплер и криминалец да има македонски пасош и државјанство, напиша Пренџов на Фејсбук.






