Од денеска светот брои 8 милијарди жители

 

Од денеска светот брои 8 милијарди жители, објави директорката на регионалната Канцеларија на Фондот за население при Обединетите нации за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер која презентирајќи го најновиот извештај за светската популација сподели неколку интересни податоци.

За да скокнеме од 7 на 8 милијарди жители ни требаа 12 години, а следната милијарда ќе ја достигнеме за некои 14,5 години или во 2037 година. 10 милијарди се очекува светската популација да надмине во 80тите години на овој век и да се задржи на таа бројка до крајот на векот. Интересно е дека повеќе од половина од луѓето кои ќе се родат во наредните 30 години ќе потекнуваат од регионот на потсахарска Африка бидејќи таму е највисок наталитетот.

Истовремено постојано ќе се намалува бројот на население, главно во европските земји, а тоа најмногу се чувствува токму во регионот на Источна Европа. Обединетите нации регистрирале 17 земји кои денеска имаат помалку жители од 1990тата година и сите се токму од овој регион. Клучна причина е намалениот наталитет но и засиленото иселување.

 

 

Back to top button
Close