ВИДЕО- Бркотница низ Куманово. Петнаесетина маскирани лица бркаат момче

Повеќе лица синоќа нападнале младо момче во Куманово. На социјалните мрежи се појави снимка од настанот објавена од локалната телевизија „Феста“ на која се гледа како група од околу петнаесетмина напаѓачи бркаат момче, додека се слушаат пцости и навреди.

Голем број маскирани лица излегуваат од автомобил и почнува бркотницата. Петнаесетина лица се нафрлиле едно лице. Се слуша викање и пцовки. Од полицијата засега нема детали за случајот.

Околу снимката вечерва се огласи Јавното обвинителство, кое соопшти дека заедно со кумановската полиција „интензивно постапуваат за расчистување на настанот регистриран на видеоснимки објавени на социјалните мрежи, во кои, според првичните информации кои се проверуваат, две лица биле предмет на напад од поголема група“.

„Речиси сите лица од објавената видеоснимка се веќе идентификувани и се преземаат дејствија за утврдување на причините и мотивите за инцидентот. Се врши распит и на учесниците и на други лица кои би можеле да имаат одредени сознанија. По целосно утврдување на фактите, Основното јавно обвинителство Куманово ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, за што јавноста веднаш ќе биде информирана​“, пишува во соопштението од ЈО.

Back to top button
Close