Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје
-Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР

Дојави за поставена бомба добили гимназиите, Јосип Броз Тито, Раде Јовчевски Корчагин, Орце Николов, Никола Карев, медицинското училиште Панче Караѓозов






