Бенифициран стаж за новинарите.Да удриш новинар во Србија ќе биде исто како да си удрил полицаец
За тоа дека на новинарите треба да им се обезбеди бенефициран стаж би требало да се договорат државните органи, новинарските здруженија и невладиниот сектор.
Српскиот Синдикат на полицијата и полициските старешини достави до премиерката Ана Брнабиќ иницијатива за измена на законот за новинарите да добијат статус на службени лица и бенефициран работен стаж, јави Бета.
„Со донесување законски прописи што ќе ги назначат новинарите како функционери на оваа држава, ќе има правна основа дека нападот врз новинари е напад врз државата, како што е сега случајот, на пример, со полицијата”, се вели во соопштението.







