Две експлозии во Ерусалим, 14 повредени
23.11.2022 09:11
270 Читање помалку од 1м
Најмалку 14 лица се ранети утринава во две експлозии што во период од половина час одекнаа на две автобуски постојки во близина на влезот во Ерусалим, соопштија полицијата и јавните здравствени служби.
Полицијата се сомнева дека се работи за напад на Палестинци. Две од повредените лица во експлозиите се во критична состојба, посочува „Тајмс оф Израел“.

Првата експлозија се случила во близина на главниот влез во Ерусалим, изутринава нешто по седум часот по локално време. Во таа експлозија се повредени 11 лица, а ранетите се префрлени во блиските болници, информираат здравствените власти.
Половина час подоцна уште една експлозија одекна на вториот влез во Ерусалим. Според здравствените власти, три лица биле полесно повредени од шрапнели.
Медиумите јавуваат дека постои најверојатно експлозиите биле предизвикани од детонација на бомба оставена во торба.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, како и дека покрената е потрага по осомничени.






