Петнаесет години затвор за неготинецот кој до смрт ја претепа поранешната партнерка!

Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за ВИНОВЕН за настанот којшто се случи на 02.08.2022 година во Неготино, кадешто извршил семејно насилство во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата- објавија од ОС Кавадарци.






