МКД.мк-Директорот Рамадани пцуеше новинарка: Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!
Директорот на топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, во телефонски разговор со пцовки и навреди ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк Катерина Додевска, која ја работеше темата за дозволите на топланата. Откако беше консултиран и коректно му беше пренесена изјавата во објавениот текст дека топланата Скопје Север работи на мазут, но без дозвола, се јави и наместо да реагира за својата изјава, со пцовки и со висок тон ѝ се обраќаше на новинарката на МКД.мк. Пцовките, викањето и заканите од Рамадани се пријавени во новинарските здруженија, а во продолжение ќе следуваат истражувања за спорното работење на топланата Скопје Север.
Редакцијата на МКД.мк го објавува разговорот што е во јавен интерес. Темата што ја работевме се однесува на прашања од еколошки карактер и опасности за здравјето на граѓаните. На топланата Север не ѝ е познат квалитетот на мазутот и мерењата на штетните материи што се испуштаат во воздухот.
Разговорот со директорот Рамадани и пцовките кои тој и ги упатува на новинарката ТУКА