Фото: Украинските хероини пред објективот на Elle

 

Жените на Украина се борат рамо до рамо со мажите на фронтовите од првиот ден. Иако тие имаат можност да заминат од земјата, голем број од нив одлучија да застанат под украинското знаме и да се борат за ослободување на земјата од рускиот агресор.

На почетокот од руската агресија против Украина, Цивил Медиа разговараше со Марија (името е измислено, поради безбедносни причини) која беше дел од бегалците од војната, сместена во Скопје. Таа ги раскажуваше ужасите на бомбардирањето врз цивилни цели во украинската престолнина Кијив веќе во првите часови од инвазијата. Марија одлучила да се приклучи на бегалските колони кои ја напуштија земјата и пристигнала во Скопје, по неколкудневен престој во Бугарија.

Кон крајот на април, Марија само кратко ни соопшти дека не може веќе да издржи да ги гледа вестите и дека заминува во војна со „руските орки“ како што ги нарече во својата порака. Се упати назад кон Украина и во моментов е на едно од боиштата во својата земја.

Украинското издание на женскиот магазин Elle објави фотосесија со неколку украински бранителки.  Дури 42.000 Украинки ја бранат својата земја од руските агресори. Од нив, 1.000 се на командни позиции, пренесува Цивил Медиа.

„Во украинската армија служат 42.000 жени. Тие се борат на сите фронтови рамноправно со мажите, а бројот на жени кои сакаат да ја бранат Украина расте“ – пишува во едиторијалот на украинското издание на светскиот женски магазин Elle.

Извор Цивил Медиа 

Back to top button
Close