Разбиен „суперкартелот“ одговорен за третина од кокаинот во Европа
Во координирани акции спроведени помеѓу 8 и 19 ноември низ Европа и Обединетите Арапски Емирати е разбиен таканаречениот „суперкартел“ за трговија со дрога, соопшти денеска Европол.
Во акцијата се уапсени 49 осомничени членови на картелот што контролираше речиси третина од трговијата со кокаин во Европа. Обемот увезен кокаин во Европа под контрола на осомничените бил огромен, а полицијата во текот на истрагата запленила над 30 тони дрога.
Во акцијата биле вклучени полициите и безбедносните служби на Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, Обединетите Арапски Емирати и на САД. Тринаесет лица се уапсени во Шпанија, шест во Франција, десет во Белгија, 14 во Холандија и шест во Дубаи, меѓу кои и Холанѓанец со пасош на БиХ.
Против 40-годишниот Холанѓанец, кој е и државјанин на Босна и Херцеговина, е покрената кривична истрага врз основа на пресретнати пораки од апликацијата „Скај“. Тој не само што е осомничен за увоз на големи количества кокаин, туку и дека организирал увоз на близу осум тони суровина за производство на амфетамин. Сировините за производство на лекови пристигнале преку пристаништето Антверпен и имале компанија во Холандија како крајна дестинација.
Пред неколку дена во голема полициска акција беа уапсени неколку српски државјани, за кои се претпоставува дека се дел од добро организирана криминална група која шверцувала сто килограми кокаин. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од десет милиони евра.
Во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р.(28) и Д.П.(48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомневање дека е резултат на криминални дејствија, додека во Белгија и во Луксембург српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В.(33), едно непознато лице, како и С.Ѓ. (42) државјанин на БиХ.