Во Србија поскапува струјата за 8%, а гасот за 11% од нова година

Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград.

 

Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто.

Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек по 400 киловати месечно сметката ќе се зголеми за 300 динари

Оние што ќе се греат на ТА печки и ги вклучуваат навечер ќе имаат повисока сметка и до 1.000 динари.

Граѓаните кои си греат етажно на котли на струја може да очекуваат сметки повисоки за 1.600 динари.

Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ претходно најави дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од 10 отсто, а гасот за 11 отсто.

 

Back to top button
Close