Бирн-Адвокатот од Лихтенштајн може да ги стартува багерите

Веќе не постојат никакви пречки, фирмата на Енгелберт Јозеф Шрајбер, адвокат од Лихтенштајн, да ја гради петкатницата во строгиот центар на Скопје, на местото од едно од последните паркчиња во Мал ринг.

Скопската компанија на Шрајбер, „Сколимекс“, на втори овој месец добила правосилно одобрение за градба, дознава БИРН од увидот во постапката што овој инвеститор ја води во Општина Центар.

Тоа значи дека во секој момент може да ја огради парцелата и да почне да ги копа темелите на местото од паркчето со неколку маалски клупи и паркингот во непосредна близина на хотелот „Ибис“.

Познат домашен проектант

Покрај „окупацијата“ на скудниот јавен простор во Центар, контроверзност на овој случај му додава и сомнежот околу вистинската сопственост на инвеститорот. Тој произлегува  од фактот што пријавениот сопственик Шрајбер е регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на луѓе што сакаат да бидат скриени.

Неговата професија била причина за вмешаност во многу скандали, и глобално, и на Балканот. Шрајбер и татко му се спомнуваат во скандалот со набавки на ООН, па дури и нападот од 11 септември.

Истражувајќи ја фирмата што номинално ја поседува Шрајбер, БИРН дојде до податоци што упатуваат на домашни учесници во градбата на новиот објект.

Од увидот во документацијата во Општина Центар дознавме дека  идејно, петкатницата е дело на проектантската фирма „Гемма инженеринг“, која во име на „Сколимекс“ ја водела целата постапка за одобрение пред локалната самоуправа.

Барањето електронски го поднел Мето Стојчески, еден од двајцата сопственици на „Гемма инженеринг“, инаку зет за сестра на бизнисменот Орце Камчев.

Енгелберт Јозеф Шрајбер

Тоа не е невообичаено, честа пракса е проектантите во име на инвеститорот да се занимаваат со одобрението за градба. Дополнително, Стојчески и „Гемма“ не се случајни во градежништвото, фирмата како проектантско биро работи од 1996 година.

Но, оваа не е единствената фирма на Стојчески.

Целата сторија на Владо Апостолов прочитајте ја ТУКА

Back to top button
Close